Во иднина, корисниците на услугите на Google автоматски ќе имаат достапни резимеа на подолги е-пораки преку алатката Gemini, без корисникот да мора да стартува ништо.

Новата функционалност е дел од растечкиот тренд на воведување на вештачка интелигенција во секојдневните софтверски алатки, објавува Tech Crunch.

Засега, автоматските резимеа се достапни само за е-пошта на англиски јазик.

Достапноста ќе варира во зависност од регионот – во Европската Унија, Велика Британија, Швајцарија и Јапонија, овие функции се исклучени по дифолт, додека корисниците во други земји можат да ги вклучат или исклучат во поставките на Gmail.

Веродостојноста на овие резимеа останува под знак прашалник. Apple беше принуден привремено да ги суспендира резимеата за известувања за вести минатата година откако BBC откри дека тие често се неточни.

Функцијата на Google за пребарување со помош на вештачката интелигенција (AI Overviews) беше критикувана за лош квалитет и неточни информации во минатото, но компанијата тврди дека ситуацијата сега е значително подобрена.