Кинеските технолошки компании креираа апликации кои им помагаат на граѓаните да ги избегнат градските населби во кои е регистрирано присуство на смртоносниот коронавирус.

Една од тие компании е WeChat, која направи платформа за преземање на официјални информации за градските населби, каде што се потврдени случаи на вирусот.

Овие податоци апликацијата потоа ги претвора во географски мапи со помош на кои граѓаните можат да ги избегнат таквите места.

Додека WeChat ги покрива градовите како Шенжен и Гвангжу, фирмата “Кварт Урбана” со својата апликација опфаќа уште девет градови на југот на Кина.

„Ако знам дека во близина има болни луѓе, можам да преземам мерки на дополнителна претпазливост“, вели Сивен Лиу, студент по финансии за „Ројтерс“.

Двете платформи доста се потпираат на работата на волонтерите, кои секојдневно ги ажурираат информациите кои ги соопштува владата.