Google веќе го овозможи бета тестирањето на Android 11, a сега протечената копија за Device Configuration Guide открива интересен детал.

Сите идни уреди, кои планираат да го користат Android 11 ќе мораат да имаат повеќе од 2GB RAM, а оние со 2GB или помалку ќе мораат да бидат објавени како Android Go уреди. Покрај тоа, телефоните со 512MB RAM повеќе нема да бидат во план на нив да се прелоадира GSM, што значи дека стигнале до крајот на поддршката.

Се очекува дека наведените измени ќе почнат ефективно да се применуваат од четвртиот квартал 2020. година, кога Android 11 ќе биде веќе јавно достапен и ажурирањата ќе почнат да пристигнуваат од производители.

Телефоните кои се објавени пред новата Android верзија се исклучени од споменатото правило – доколку добиваат ажурирања ќе имаат поддршка за целосниот Android, за да се избегнат потенцијалните забуни.