Благодарение на рекордната продажба за време на празничната сезона, конзолата Sony PS5 бележи одлични резултати.

Sony објави дека ја имал својата најдобра празнична сезона досега кога станува збор за продажбата на конзолата PlayStation 5. Продадени се 9,5 милиони уреди во текот на претходните три месеци (трето тромесечје од 2024).

Овој резултат претставува зголемување на продажбата од 1,3 милиони во однос на продажбата во истиот квартал од претходната година. Севкупно, PlayStation 5 продаде 74,9 милиони единици, што е рекорд на сите времиња за оваа конзола.

Рекордните продажни квартали, исто така, значи дека Sony PS5 заостанува само 1,5 милиони единици зад продажбата на моделот PS4 во рамките на продажниот циклус во истиот временски период.

Sony, исто така, забележува зголемување на продажбата на игри, со 95,9 милиони продадени единици во третото тромесечје во споредба со 89,7 милиони во претходниот квартал. Се зголеми и бројот на месечни корисници на услугата PlayStation Network (PSN) од 123 на 129 милиони.

Гледајќи напред, Sony има големи очекувања за продажба на игри во 2025 година, вклучувајќи наслови како Death Stranding 2 и Ghost of Yotei, а особено наесен кога се очекува Grand Theft Auto 6.