Xbox Mini Fridge на пазарот ќе се појави кон крајот на оваа година, а неговата цена се уште не е позната.

Кога Microsoft пред две години конечно го откри дизајнот на својата претстојна конзола од новата генерација, бројни интернет коринсици се пошегуваа дека изгледот на Xbox Series X е инспириран од дрижидер. Екипата од Microsoft ја прифати оваа шега и во еден натпревар со другите брендови на Twitter им порачаа на корисниците дека, ако им помогнат во победата, односно ако гласаат за нив, ќе тргнат во производство на Xbox фрижидер.

Арон Гринберг од Microsoft одделот тогаш рече дека иако твитот е објавен на 2. април, не се работи за шега, ниту за clickbait, туку дека навистина ќе го направи тој фрижидер.

Корисниците го направија својот дел и му помогнаа на Microsoft во победата, а сега од Microsoft го направија и својот дел. На конференцијата за медиуми вио рамките на Е3 саемот, покрај бројните гејмерски новости, навистина прв пат во историјата на Xbox најави целосно нов систем на ладење, и како што нагласија, „најсилниот мини фрижидер на светот“. Xbox Mini Fridge, јасно, направен е во склад со самата конзола – има црна боја со логото на Xbox во горниот лев дел на уредот. Кога е отворен, фрижидерот е осветлен со препознатливата зелена боја.

Премногу детали за самиот фрижидер немаме, но фотографиите и објавеното видео откриваат дека во него нема да има место за премногу намирници – два реда во кои мали лименки можат да стојат исправено и горен помал ред на кој лименките можат да се положат.