Една и пол година по почетокот на сериското производство, Model 3 конечно е хомологиран за европскиот пазар.

Компанијата Tesla конечно доби и официјално одобрување да започне со продажба на својот најпристапен автомобил на Стариот континент.

Американскиот производител најави дека првите примероци од Model 3 до клиентите во Европа ќе стигнат до крајот на февруари, а станува збор за Long Range варијантата на овој автомобил.

Почетокот на продажбата на Model 3 на европскиот пазар е од големо значење за Tesla, особено по изјавата на Илон Маск дека пред компанијата е „многу тежок пат“ во периодот што следува.

Американскиот производител на електрични автомобили, неодамна најави дека ќе мора да отпушти околу 7% од својата работна сила (над 3.000 вработени со полно работно време) во пресрет на лансирањето на најевтината варијанта на Model 3, кој во САД ќе чини ветeните 35.000 долари.

Извор: Додај Гас