Amazon ја претстави новата верзија на читачот на електронски книги Kindle Paperwhite која е водоотпорна, има 8 GB интерна меморија и помала тежина и дебелина во однос на претходниците.

Во однос на претходните верзии од Kindle Paperwhite серијата, моделот од 2018. година донесува уште еден важен новитет, содржи IPX8 сертификат кој го прави отпорен на вода (ден час може да биде нурнат на длабочина од два метри без никакви последици доколку се работи за слатка вода.)

Исто така, новиот модел е полесен (182 грама) и потенок (8,8 милиметри) од своите претходници и сега наместо 4 GB содржи 8 GB интерна меморија. Тука е и 6-инчниот E-Ink Carta екран со густина на приказ од 300 пиксели по инч, а напуштен е претходниот дизајн, што беше користен уште од 2013. година.

Како и претходниот модел, и овој Kindle Paperwhite донесува LED осветлување за читање при слаби услови на осветлување. Постои и нов кориснички интерфејс кој вклучува и редизајниран почетен екран.

Новиот Kindle Paperwhite за 2018. година ќе се продава по цена од 129,99 евра, која е идентична на онаа која на почетокот ја имаше неговиот претходник.