Кина денеска лансираше релеен сателит кој ќе обезбедува комуникациски услуги меѓу Земјата и Месечината.

Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот пол, пишува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Сателитот Чуечијао-2 полета од базата за лансирање на вселенски летала Венчанг во јужната кинеска провинција Хајнан и се одвои од ракетата по 24 минути.

Лансирањето на сателитот е само првиот чекор, бидејќи остануваат уште неколку важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината.