WhatsApp направи своја алатка за управување со внатрешно складирање на уредите, така што лесно ќе ги најдете и избришете фајловите кои заземаат многу простор на телефонот. Новата алатка би требало да се најде на уредите ширум светот веќе од следната недела, наведуваат од оваа компанија на Facebook.

До функцијата ќе биде можно да се пристапи преку Settings > Storage and data > Manage storage. Актуелната алатка „Користење на складирањето“ само ги сортира сите достапни разговори по заземањето на просторот на телефонот, покажувајќи пораки, фотографии, GIF-ови и видео во секој разговор, потоа овозможувајќи му на корисникот да избрише одредена категорија.

Сето ова беше корисно, но не дозволуваше доволно контрола над она што сакате да го избришете или сочувате. Тоа го исправува новата алатка. Покрај тој додаток, можете да изберете и што ќе сочувате.