Кина ја одобри почетната фаза на тестирање на луѓе на две експериментални вакцини против новиот коронавирус, објави новинската агенција „Ксинхуа“.

На развојот на вакцината работат компаниите Sinovac Biotech од Пекинг и Институтот за биолошки производи во Вухан, подружница на државната фармацевтска група во Кина.

Кина во март доби зелено светло за второто клиничко тестирање на луѓе на вакцината развиена од кинеската академија за медицински науки и фирмата за биотехнологија CanSino Bio, набргу откако американскиот производител на лекови Modern соопшти дека започнал со тестирање вакцина на луѓе.