Индија испиша историја со слетување на Јужниот Пол на Месечината.

„Чандрајан-3“ слета на површината на Месечината, со што Индија стана првата земја што успешно слета со вселенско летало во близина на Јужниот Пол на Месечината, пишува Би-би-си.

Сите претходни мисии на Месечината беа во близина на екваторот – но истражувањето на Јужниот Пол е клучно за потрагата по вода.

Научниците сега се надеваат дека ќе распоредат „ровер“ за испраќање слики и податоци назад на Земјата.