Тим на невролози демонстрираа како алгоритам може да се обучи за да препознае ментална подготовка за пишување, што е многу поефикасно од постојните технологии.

Иако со рака се пишува значително помалку во дигиталното доба отколку пред неколку децении, тоа им е потребно за одредени категории на луѓе (луѓе кои не се во можност да зборуваат и комуницираат преку пораки). На годишната средба на Друштвото за невронски мрежи во Чикаго, научниците презентираа нова алатка која е способна да ги „прочита“ речениците кои во својата глава ги формирале волонтерите (луѓе парализирани под вратот). Доброволците беа замолени да замислат да ги движат рацете и во мислите со замислено пенкало да напишат по една буква од алфабетот.

Пишувањето се заснова на движење на раката, па затоа е потребна церебрална организација, која е веќе истражена во некои претходни студии. Пишувањето, дури и само ментално, предизвикува одредени активности на мозокот кои се доволно различни да можат да се идентификуваат со помош на микроелектроди, што се користат за тренирање на нервната мрежа. Точноста на тестирањето е поголема од 92 проценти, при брзина на пишување од 66 карактери во минута. Грешките воглавно се случувале кај буквите што изгледаат слично (како „q“ и „g“) затоа што тие бараат скоро идентични моторни активности.

Ова е скоро двојно побрзо од сегашните системи за пишување, кои успеваат да препознаат до 39 карактери во минута (што е трипати побавно од брзината на пишување на здраво возрасно лице). Новиот систем значително ќе ја подобри комуникацијата на парализираните лица и ќе им овозможи полесно да се интегрираат во општеството.