Илон Маск ја стримираше играта на Diablo 4 на платформата X.

Сопственикот на платформата X (поранешен Твитер) претходно јавно изјави дека кога не работи, сака да поминува време со семејството, пријателите и со видео игри.

Ова го покажа неколку пати со стриминг на играта Diablo 4 на неговата платформа, а најновиот стрим беше неодамна.

Маск и неговите пријатели направија неколкучасовна сесија во Diablo 4, сето тоа како дел од тестот што треба да го подготви X за посериозни задачи во областа на стриминг.

Милијардерот не крие дека сака да го овозможи и трансформира X во платформа за стриминг, а во иднина најавува дополнителни можности и подобрувања на ова поле.

Останува да видиме во кој правец ќе се развиваат плановите на Маск и колку X може да им ги „помрси сметките“ на веќе познатите сервиси за стриминг игри, како што се Twitch, YouTube или Kick.