Извршниот директор на Electronic Arts, Ендрју Вилсон, вели дека пазарот во Европа е „мек“ кога станува збор за трошење на видео игри.

Зборувајќи со инвеститорите за време на деловен состанок, Вилсон рече дека, генерално, пазарот расте, со игри кои бараат „подлабок ангажман“ да забележат силна продажба. Но, тој посочи и дека трендовите се разликуваат географски, а Европа е издвоена како пазар со резултати под очекувањата.

„Можеме да видиме дека нашите резултати се во согласност со трендовите во индустријата, но на различни географски основи има забележлива и различна потрошувачка. Има некои пазари кои се „помеки“ од другите. Слушнавме како други ја споменуваат Европа во овој контекст и тоа го почувствувавме“, рече Вилсон, пренесува веб-страницата Games Industry.

Според податоците на пазарот, оваа година ширум Европа се продадени 125,5 милиони игри за компјутери и конзоли, што е благ пораст од 3,2% во споредба со истиот период минатата година. Сите големи пазари моментално бележат раст од година во година, со исклучок на Германија, каде што продажбата на игри падна за 4,2%.

Севкупно, наследникот на серијалот FIFA (EA FC 24) помина добро, продаде 14,5 милиони примероци во првиот месец.