Новите телефони како Samsung Galaxy S10 серијата и некои други имаат посебна функција, која не е грешка, ниту нешто лошо – едноставно, тука е со причина.

Откако пишувавме за портокаловата и жолтата точка, кои се појавуваа на iPhone уредите, реагираат и сопствениците на Android телефоните, кои имаат сличен „проблем“.

Имено, корисниците на споменатиот смартфон, како и уште некои модели на истиот и другите производители, на своите телефони повремено гледаат бела точка, што само трепери во истиот ритам, посилно и послабо.

Ова дефинитивно е функција на Galaxy S10 и другите телефони, не е грешка и не е баг!

Имено, Android телефоните имаат сензор за близина на уредот, кој детектира кога екранот ќе го потпрете на глава, односно уво за да разговарате и тогаш оваа ламбичка на врвот на дисплејот доаѓа до израз. Таа е дел од сензорот за близина и овозможува екранот да се изгаси во текот на разговорот, односно додека телефонот е потпрен на лицето, за дисплејот да не се вклучи и случајно да се активираат некои функции.

Ова треперење се појавува само кога ќе се активира повикот, без оглед на тоа дали вие сте се јавиле или некој ве повикува, и трае колку и самиот телефонски повик, односно додека не се активира спикерфон опцијата.