Ако сакате игри со пукање, големи се шансите да наидете на такви кои не ги следат современите правила како регенерација на „helt“ или слични „новини“.

Терминот „Boomer Shooter“ се користи се почесто за вакви видео игри и стана толку воспоставен што цел „нов“ жанр на Steam сега се нарекува со оваа фраза.

Досега „Boomer Shooter“ беше ознака што корисниците можеа да ја додаваат на видео игрите, а со оглед на зачестеноста на овие „додатоци“, со текот на времето заслужи да се користи за цела посебна категорија.

Станува збор за игри со пукање кои изгледаат старомодно и за кои се применуваат некои постари механики за играње (на пример Serious Sam, Rise of the Triad итн.).