Неодамна пристигна трејлерот за GTA VI, кој донесе зголемена популарност на песната што може да се слушне во клипот.

Песната се вика „Love Is a Long Road“, во изведба на Том Пети.

Како што објави IGN, од објавувањето на трејлерот, популарноста на песната едноставно „експлодира“ на платформата Spotify (публиката е зголемена за 36.979%, поточно). Оваа песна од 1989 година, според сегашните податоци, е преслушана повеќе од 11 милиони пати.

Том Пети е повторно толку популарен поради франшизата GTA, но ова не е прв пат да се случи такво нешто – ако игравте GTA San Andreas, можевте да ја слушнете неговата песна „Runnin’ Down A Dream“ на „K- DST“ радио станица.

Пети, за жал, почина во 2017 година, но сигурно би бил горд да знае дека неговото наследство ќе биде повторно запознаено од луѓе ширум светот преку GTA.