YouTube моментално е во фаза на санирање на шетата која настана откако неколку компании вклучувајќи ги Дизни, Нестле, Мекдоналдс и игрите Епик, одлучиле да ги повлечат рекламите како одговор на обвиненијата дека платформата е место на кое педофилите безбедно се кријат пред нивни очи.

Многу големи корпорации привремено ги суспендирале сите реклами на YouTube откако Wired ги извести дека нивните реклами биле објавени пред видео снимки од малолетници, на возраст од пет години кои изведуваат сексуализирани верзии од секојдневни активности.

“Сосема сме ужаснати и се обративме во YouTube за тоа веднаш да биде поправено”, соопштено е од Гармарли, а од Светскиот бизнис форум е речено дека е страшно што педофилите го користат YouTube за своите криминални активности.

Извештајот на блогерот Метс Вотсон кој е прикажан речиси два милиони пати откри коментари на стотина илјади корисници кои споделуваат временски ознаки од своите омилени моменти, обично уловувајќи девојки во компромитирачки позиции и нивните контакти во апликациите за шифрирани пораки како WhatsApp, кој неодамна претрпи сопствен порнографски скандал.

“Ќе погледнете едно видео и YouTube препораките сами ќе ве одведат низ педофилска детска дупка. Некои од нив имаат милиони прегледи”, вели Вотсон.

“Веднаш преземавме мерки бришејќи ги профилите, каналите и нелегалните активности се пријавени кај властите, а оневозможуваме и негативните коментари”, беше кажано од компанијата YouTube.

Портпаролот на YouTube тврди дека најмалку 8.000 долари се потрошени на видеа во последните 60 дена и вети дека парите ќе бидат вратени.

YouTube исто така објави нова политика за своите корисници ветувајќи бескомпромисни казни за оние кои ги кршат правилата на платформата, додавајќи детални описи што значи прекршување на правилата.

Извор: Klix.ba