God of War Ragnarok добива нова содржина во експанзијата Valhalla.

Пристигнуваат во форма на нов DLC, а се работи за проширување од типот на roguelite, односно малку изменет формат на игра во однос на главната приказна.

Овде играчите ќе можат само да го водат Кратос, додека Мимир ќе биде единствениот придружник. Кратос, како што рече развојното студио, „ќе влезе во непознати длабочини и ќе се соочи со ехото од минатото“.

Сите оружја и сите вештини ќе бидат на располагање на играчите, а оклопот нема да има апсолутно никаква улога, но акцентот е ставен на развивање иновативни тактики.

Најдобро од сè, овој DLC ќе биде потполно бесплатен и достапен за PlayStation 4 и PlayStation 5.