Realme официјално го потврди датумот на објава на Narzo 30 серијата телефони, а тоа е 24. февруари. Во текот на виртуелната презентација ќе бидат објавени Narzo 30A и Narzo 30 Pro 5G смартфоните, како и безжичните слушалки Buds Air 2.

Narzo 30 Pro ќе биде првиот модел од оваа достапна линија што ќе имплементира 5G поддршка. Уредот na Realme се нарекува „најмоќниот гејминг модел од средниот сегмент“, благодарение на тоа што го покренува Dimensity 800U чипсет. Narzo 30A ќе биде „моќем буџетски гејминг нинџа“, додека новите Buds Air 2 слушалки ќе пристигнат со „демократизирана ANC технологија“.

Narzo 30 Pro се очекува според спецификациите да биде многу сличен на моделот Realme Q2, додека Narzo 30A ќе потсетува на Narzo 20 / Realme 7i, со три камери и сензор за отпечатоци од задната страна.