Кога Microsoft прв пат ја најави можноста на својот Edge прегледник, заснован на Chromium, компанијата истакна дека корисниците на Windows 7 и 8.1 платформите ќе мораат прегледникот рачно да го инсталираат доколку сакаат да го користат. Меѓутоа, Microsoft сепак одлучи браузерот да го овозможи преку Windows Update.

Кога прегледникот се инсталира, постојат неколку главни карактеристики. Најпрвин, Edge ќе биде додаден во таскбарот на корисникот и како десктоп кратенка. Исто така, нема да го замени Internet Explorer, како што го менува Edge Legacy на Windows 10. На крајот, нема да го замени стандардниот браузер на корисникот.

Оваа промена е посебно интересна за Windows 7 корисниците, со оглед на тоа дека оперативниот систем од јануари повеќе нема официјална поддршка од Microsoft. Единствените корисници кои би требало да ги добиваат ажурирањата, се оние кои плаќаат за Extended Security Updates поддршка. Меѓутоа, изгледа дека Microsoft е заинтересиран за зграби што повеќе корисници за Edge, каде и да е тоа можно.

Откако корисникот ќе го добие ажурирањето, кое е моментно достапно, Edge прегледникот самостојно ќе се надгради во позадина, а ажурирањето ќе се инсталира автоматски.