За прв пат во историјата, PlayStation воведе функција која корисниците на компјутери ја имаат со децении.

Отсега, клиентите можат да ги оценуваат видео игрите што се продаваат на PlayStation Store, односно да им дадат од 1 до 5 ѕвезди, во зависност од тоа колку се задоволни.

Можете да ги оценувате само оние игри што сте ги покренале барем еднаш или сте ги купиле, а исто така можете да го промените рејтингот подоцна ако се предомислите.

Просечниот рејтинг, како и количината на гласови, можат да ги видат сите, па тоа треба да им помогне на играчите во нивниот избор.

Единственото нешто што не можете да направите е да оставите коментари или некој друг вид текстуална рецензија.