Кога сајтот на Amazon од Шпанија објави информации за Xiaomi Mi 10T и Mi 10T Pro телефоните, откриени се само нивните цени и чиповите што ќе ги користат. Сега имаме нови информации, што се однесуваат на дисплеите на претстојните смартфони.

Дојавувачот Digital Chat Station истакнува дека Apollo (кодно име за Mi 10T моделите) ќе користи 144Hz LCD екрани. Ќе поддржува MEMC, односно интерполација на движењата од снимки од низок до висок фрејмрејт.

Покрај тоа, punch-hole отворот за селфи камерата ќе биде мал, со дијаметар од 3,8 милиметри. Иако поголем дел од Mi 10 теелфоните имаат OLED панели со сензори за отпечатоци од прсти под екранот, моделите од Т линијата ќе имаат читач за отпечатоци од страна на рамката.

Xiaomi Mi 10T моделит би требало да користат Snapdragon 865 чипсет. Mi 10T Pro ќе има 108MP главна камера и почетна цена од 640 евра, додека Mi 10T ќе има 64MP главна камера и цена од 550 евра.