Ротирачкиот претседател на Huawei, Xu Zhijun оваа недела истакна дека кинеската компанија ќе ги претстави своите 6G мрежи во текот на 2030 година, а оваа технологија ќе биде 50 пати побрза од 5G.

Тој истакна дека комуникациите отсекогаш биле силна страна на Huawei, а 5G на компанијата е значително пред решенијата на конкуренцијата. Покрај тоа, Huawei веќе може да се пофали со лидерство во областа на истражување и развој на 6G технологиите.

Се сугерира дека 6G мрежите ќе бидат претставени на пазарот околу 2030 година, а Huawei наскоро ќе објави документација за 5G, во која ќе и објасни на индустријата што е 6G и што имплементира.

6G мрежите се супериорни во однос на 5G на полето на максималната пропусност, заостанување, густината на проток и конекцијата, покриеноста и ефикасноста. Покрај тоа, 6G мрежите ќе ги премостат слабостите на 5G со проблематичните конекции. Поддржаната брзина на 6G мрежата надминува 1000 километри на час.