Две години по официјалното прикажување на демото на Unreal Engine 5, повторно се појави – сега на Steam.

Matrix Awakens tech демо за Unreal Engine 5 беше прикажано во декември 2021 година и наскоро ќе наполни две години. Демото повеќе не е официјално дистрибуирано и може да се проба само ако сте го преземале кога било актуелно.

Сепак, тоа не спречи некој да го прикачи демото на Steam и да наплати 19,50 евра за неговото преземање.

Треба да се напомене дека ова не е комплетниот Matrix Awakens, туку само интерактивниот дел кој вклучува истражување на градот.

Се разбира, ова е демо кое е украдено од Epic Games. Valve и Epic допрва треба да одговорат на ова, а демото на Matrix Awakens е во продажба веќе неколку дена.