Гласините за Xiaomi Mi 11 Lite телефонот се појавуваат веќе некое време. Смартфонот е забележан на неколку сертификациски сајтови во јануари, додека минатата недела се појави пообемен извештај за спецификациите и дизајнот на уредот. Иако Xiaomi се уште официјално не го претстави уредот, изгледа дека Mi 11 Lite веќе се појави во малопродажба.

Според различните извештаи, Mi 11 Lite е моментно веќе во продажба во Италија, преку онлајн и офлајн канали. Италијанскиот малопродажен синџир Tecnosell го продава Mi 11 Lite 4G во 6GB + 128GB варијанта, по цена од 320 евра.

Покрај тоа, Roland Quandt објави unboxing фотографии од продавници во Италија, кои го имаат Mi 11 Lite на залихи. Моментно во продажба се наоѓа само 4G моделот, а нема информации за 5G варијантата. Се очекува дека 5G моделот ќе биде сличен на 4G верзијата, но ќе пристигне со побрз чипсет и повеќе меморија и простор за складирање.