По долго време имаме официјална информација за развојот на следната GTA игра.

Откако се појавија гласини дека Rockstar Games официјално ќе објави нова Grand Theft Auto игра и дека ќе прикажат трејлер за неа во декември – тоа сега се оствари.

Сем Хаузер, претседателот на Rockstar Games, потврди дека претставувањето на играта GTA 6 официјално ќе се одржи во декември.

Во објава на платформата X, Хаузер истакна дека Rockstar ги слуша своите фанови од 1988 година, кога нуди извонредни и забавни игри.

На крајот од објавата тој спомна дека официјалниот трејлер за Grand Theft Auto (веројатно GTA 6) ќе биде прикажан на почетокот на декември.

Во истото соопштение беше потврдено дека има нова Grand Theft Auto игра, а доколку трејлерот е поврзан со неа, го очекуваме и официјалното лого и името на играта.