Sony минатата недела објави дека на 4. јуни ќе одржи настан во текот на кој компанијата ќе понуди повеќе детали за претстојната PlayStation 5 конзола и игрите за уредот. Sony беше прилично таинствен кога се во прашање новте информации за конзолата, така што фановите со нетпрение очекуваа да ги дознаат официјалните детали.

Меѓутоа, PlayStation фановите ќе мораат да се стрпат уште некое време, бидејќи Sony на Twiiter објави дека го одложува својот настан. Одложувањето стигнува како последица на трагичните настани и немири кои го потресуваат САД во последните неколку дена. Sony својата одлука ја поткрепи со тврдењето дека моментно не е време за прослави.

Sony не е единствената компанија која одлучи да го одложи својот јавен настан поради новонастанатата ситуација. Тоа нешто претходно го направи и Electronic Arts, кој требаше да открие нешто повеќе детали за Madden NFL 21 играта. Google ја одложи својата Android 11 бета објава, која беше планирана за 3. јуни.

Во овој момент, ниту една од споменатите компании не објави нови датуми за своите настани.