Никој не очекуваше ваков проблем два месеца пред лансирањето на долгоочекуваната конзола.

Sony го намали производството на PlayStation 5 конзолата за дури четири милиони уреди. Сега се очекува јапонската компанија да направи околу 11 милиони PlayStation 5 конзоли до крајот на годината.

Како што пренесува Bloomberg, Sony планирал да го зголеми производството на неверојатно 10 милиони конзоли до крајот на декември, но компанијата наишла на голем проблем во производството. Имено, PS5 системот ќе се наоѓа на чипот, чии компоненти ги дизајнирал AMD, а постои проблем бидејќи дури 50 проценти од овие чипови во еден момент не биле погодни за употреба. Оваа ревидирана цифра е и понатаму поголема отколку што Sony првобитно планирал. Тие во април планирале да направат само пет до шест милиони конзоли до крајот на март, што би било помалку во однос на лансирањето на PS4 конзолата во 2013. година.

Пандемијата на коронавирусот ги натера да ја променат одлуката, бидејќи индустријата на видеоигрите доживеа голем раст во популарноста. Sony утре ќе одржи презентација на која ќе ја открие цената на долгоочекуваната конзола, како и датумот на излегување во продажба.

Сепак, веќе сега постојат првите назнаки колку ќе чини PlayStation 5.

Аналитичарот Масаширо Вакасуги смета дека PS5 ќе биде поевтин во однос на Xbox Series X, и дека цената на конзолата на Sony ќе изнесува 450 евра! Дигиталната верзија на PS5 ќе биде уште поевтина, односно Вакасуги смета дека цената може да биде пониска и од 400 евра.