Мајкрософт ги прекина сите вести генерирани од вештачката интелигенција и започна истрага по бизарната анкета за нивната вештачка интелигенција веднаш до веста за смртта на една девојка.

На платформата Мајкрософт Старт, која оваа компанија ја користи за пласирање вести, имаше и напис на Гардијан за девојка од Австралија која беше пронајдена мртва со повреди на главата.

До овој текст имаше анкета за причините за смртта, па читателите можеа да гласаат дали се работи за самоубиство, убиство или несреќа.

Не ни треба да објаснуваме колку ова беше шокантно за читателите, а откако се запрашаа од каде доаѓа оваа бизарност, Мајкрософт појасни дека се работи за анкета генерирана од вештачка интелигенција.

Извршната директорка на медиумската компанија која стои зад „Гардијан“, Ана Бејтсон го критикуваше овој потег на технолошкиот гигант и нагласи дека тоа создава дополнителен стрес кај семејството на жртвата девојка.

По ваквата ситуација, Мајкрософт ја избриша бизарната анкета, велејќи дека „преземаат чекори за да се осигураат дека ваквите грешки нема да се повторат во иднина“.