Научниците претпоставуваат дека вакво нешто можно е да се случи за околу пет до десет милиони години.

Според мислењето на многу од научниците, можно е на планетата Земја да се формира нов океан.

Се очекува како последица на поместувањето на тектонските плочи во источна Африка, прво да дојде до формирање на огромен процеп кој што како краен резултат ќе има поделба на тој континент на два дела.

Научниците претпоставуваат дека такво нешто може да се случи за околу 5 до 10 милиони години, а локацијата на формирањето на новиот океан треба да биде некаде во регионот на Афар во Етиопија, каде што се допираат три тектонски плочи кои што полека се одвојуваат една од друга.

Пред 15 години, во истиот тој регион се формираше пукнатина долга 56 километри, потсетуваат експертите.

Научниците сметаат дека оваа појава е последица на поголемиот притисок.

Научниците моментално го следат движењето на тектонските плочи со помош на GPS систем.

Извор: Alo.rs