Американското Министерство за правда објави нови документи од тековниот антимонополски процес против Google.
Еден од тие документи е внатрешната презентација што Еди Кју службеникот на Apple му ја испрати на Тим Кук во 2013 година, со детали за тоа како Google се натпреварува со нив за приватност. Најинтересен е слајдот на кој пишува: „Андроид е еден огромен уред за следење“.
На вториот слајд е објаснето како Apple има подобар пристап кон приватноста од Google, бидејќи ги комбинира податоците од сите услуги само кога обезбедува подобро корисничко искуство, додека Google ги комбинира податоците на сите услуги.
Презентацијата беше дел од сведочењето на Кју на антимонополското судење на Google во септември, иако голем дел од неговото сведочење остана недостапно за јавноста.
Иронично, и покрај тоа што Apple го опишува Андроид како „голем уред за следење“, интерните маилови од 2016 година покажуваат дека Apple барал реципроцитет кога станува збор за споделување податоци со Google.