Microsoft моментно подготвува темен реќим за повеќе свои Office алатки на Android платформата. Компанијата веќе нуди опција за менување на темите за Outlook и OneDrive на iOS и Android платформите. Сега има скриншотови за Word и обединетите Office апликации на Android, кои имаат темна тема.

Комбинирани Office апликации, Word, Excel и PowerPoint за Android нудат опција за прилагодување на системската тема или примена на темна/светла тема за апликациите. Ова е добредојден додаток, посебно за некои апликации кои автоматски се прилагодуваат на системските поставки.

Темниот режим за продуктивни алатки на Android се очекуваше веќе долго време. Мајкрософт првично ги најави своите планови да овозможи темен режим за Microsoft 365 решенијата уште во 2019 година, а оттогаш преминот на опции со темите во позадина се одвива постепено.

Засега нема информации за тоа кога темниот режим за обединетите Office апликации, Word, Excel и PowerPoint за Android ќе им биде достапен на сите корисници.