Популарната игра Asphalt 9 доби нов автомобил, тоа е модерно Lamborghini Countach.

Lamborghini минатата година го „оживеа“ моделот Countach и неговата легендарна форма ја прилагоди на модерната ера. Компанијата има ограничено производство на 112 примероци, што значи дека моделот ќе биде многу редок.

Сепак, оние кои ја играат играта Asphalt 9: Legends барем ќе имаат можност виртуелно да го возат Countach LP1 800-4, кој е достапен за гејмерите.

Играта Asphalt 9 им нуди на гејмерите „уникатно интерактивно искуство што им дава можност на илјадници фанови да го откријат хибридниот суперавтомобил“, вели Кристијан Мастро, директор за маркетинг на Lamborghini.

Но, тоа не е се, бидејќи Gameloft како издавач на играта организира натпревар кој се состои од два елиминациски рунди. Квалификациите започнати на 1 август ќе траат седум дена, а потоа од 22 до 28 август.

Најбрзите играчи влегуваат во фазата на големото финале, каде ќе се натпреваруваат во елиминациските трки на 14 септември. После тоа ќе се знае кој учествува во финалето на iOS. Трките ќе се пренесуваат на профилите на социјалните мрежи на Lamborghini.

Countach LP1 800-4 им се придружува на другите модели на Lamborghini во играта како Terzo Millennio, Huracan Evo Spyder и Essenza SCV12.

Оживеаниот Lamborghini Countach е придвижуван од атмосферски 6,5-литарски V12 мотор поврзан со електричен мотор, а вкупната моќност е 803 КС. Благодарение на технологијата од 48 волти, електрифицираниот погон овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,7 секунди и достигнува максимални 355 km/h.

Ова е уште еден показател дека видео игрите донекаде можат да обезбедат искуство за возење на ретки и скапи суперавтомобили. Ова е прв пат новиот Countach да се појави во игра, а може да се очекува и во други наслови.