Сè повеќе социјални мрежи и платформи за стриминг се свртуваат кон воведување реклами. YouTube воведе реклами одамна, но во последниве недели се чини дека стана особено ригорозен во принудувањето на корисниците да ги исклучат блокаторите на реклами.

Целта на YouTube е, се разбира, да ве натера да купите YouTube Premium, специјална верзија каде што воопшто нема да ви се сервираат реклами, а добивате некои други поволности.

Не се радуваат сите корисници поради ова, што е донекаде и логично, a се поагресивниот пристап на платформата, кој не ги остава на мира, туку во последните недели постојано исфрла известување дека блокаторите на реклами треба да се исклучат.

Поради ова на социјалните мрежи се водат остри дебати, а мислењата се движат од оние кои треба да плаќаат Premium до крајно спротивно, т.е. препораки за тоа како најдобро да се заобиколат рекламите на YouTube. Што мислите вие?