Sony официјално ги претстави новите модели на конзолата PlayStation 5.

Станува збор за модели со отстранливи читачи на Blu-ray дискови, а сепак ќе има два модели – еден со читач на дискови и Digital Edition без читач, но ќе може да се додаде читач за 120 евра.

Новите модели на PlayStation 5 ќе бидат за 30% помали од претходните, а ќе имаат четири страни. Исто така, моделите PS5 Slim ќе доаѓаат во пакет само со држач за хоризонтална положба, додека држач за вертикална положба ќе се продава за 30 евра.

Фотографии од конзолите можете да ги видите овде.

Единствената функционална промена однадвор е дополнителен USB-C влез на предната страна на уредот, додека претходниот USB-A влез е отстранет од предната страна. Моќта останува иста, но SSD-то ќе има малку поголем капацитет – 1TB наместо досегашните 825GB.

Што се однесува до цените, PS5 со Ultra HD Blu-ray диск чини 550 евра, додека PS5 Digital Edition чини 450 евра.

Споменатите модели на PlayStation 5 ќе бидат пуштени во продажба од ноември оваа година, а ќе бидат достапни на одредени продавачи. Овие модели ќе ги заменат претходните, па сегашните се продаваат само додека има залихи.