Од објавувањето на iPhone 15, Apple се обидува да ги поправи проблемите што се појавија со постојани ажурирања.

iOS 17.0.3 требаше конечно да го реши често цитираниот проблем со прегревање, но само неколку дена по неговото објавување, неколку корисници веќе се жалат дека нивните телефони се исклучуваат додека се полнат ноќе и имаат проблеми со (не)работење на Wi-Fi.

Ниту споменатите проблеми со прегревање, се чини, не се решени, бидејќи iPhone 15 најверојатно се гаси во текот на ноќта токму затоа што достигнува критична температура.

Покрај ова, корисниците се пожалија дека не можат да се поврзат на Wi-Fi или дека им одзема премногу време. Не е јасно дали Apple ќе ги реши овие грешки или едноставно ќе го објави iOS 17.1.0, пренесува BGR.

Иако секогаш има одредени проблеми при издавањето на новите верзии на оперативниот систем, се чини дека работите со Apple оваа година се малку потешки отколку лани, бидејќи компанијата од Купертино веќе трипати мораше да го поправи својот оперативен систем.