Од лансирањето на Samsung Galaxy S23 Ultra, заедно со остатокот од серијата Galaxy S23, различни рецензенти го споредуваат овој телефон со најдоброто од конкуренцијата. Една таква споредба ни доаѓа од каналот Phone Buff, а во дуел беа Samsung Galaxy S23 Ultra и iPhone 14 Pro Max. Кој телефон е поиздржлив?

Тестот на каналот PhoneBuff има четири круга. Во првиот круг и двата телефони паднаа на задниот дел. Како резултат на тоа, iPhone 14 Pro Max имаше скршено стакло на задната страна, а оштетувањата беа видливи и на леќата на задната камера, додека Galaxy S23 Ultra претрпе помали пукнатини.

Во вториот круг од тестот за паѓање, iPhone 14 Pro Max помина малку подобро бидејќи рамката од нерѓосувачки челик претрпе помалку гребнатини. Од друга страна, поголема штета претрпе алуминиумската рамка на телефонот Galaxy S23 Ultra.

Во третиот круг, двата телефони слетаа со лицето надолу на бетонската површина. Искршени се екраните на двата телефони, но може да се забележи дека повеќе е скршен екранот на телефонот Samsung Galaxy S23 Ultra. Face ID на iPhone 14 Pro Max и ултразвучниот скенер за отпечатоци на Galaxy S23 Ultra работеа совршено добро.

Во четвртиот и последен круг, Samsung Galaxy S23 Ultra и iPhone 14 Pro Max паднаа со лицето надолу на металната површина од поголема висина отколку во претходните кругови. iPhone 14 Pro Max имаше значителни оштетувања, бидејќи недостасуваа делови од стаклото, додека камерите од двете страни покажаа некои светлосни знаци.

По сите четири кола, Galaxy S23 Ultra доби 38 поени, два повеќе од iPhone 14 Pro Max.