Германскиот новинар Роланд Куанд објави информации на социјалната мрежа Twitter околу европската премиера на Xiaomi Redmi Note 5.

Како што е познато, смартфонот веќе беше претставен во Индија и се продава на локалниот пазар. Според информациите на Куанд, во моментов Xiaomi ги додава LTE фреквенциите за европските оператори и секој момент Redmi Note 5 Pro ќе биде достапен и за европските потрошувачи.

Цените на моделите ќе бидат околу 230 евра за верзијата со 3 GB RAM и 32 GB меморија за апликации, а варијантата со 4 GB RAM и 64 GB меморија ќе се продава за 270 евра.

Потсетуваме дека смартфонот нуди 5,99-инчен со сооднос 18: 9 екран, со резолуција 2160×1080 пиксели и чипсет Snapdragon 636.

Redmi Note 5 Pro има и двојна главна камера со 12MP f / 2.2 и 5MP f / 2.0 сензори, а за селфи фотки е додадена 20МР камера со блиц. Технологијата за препознавање на лица е исто така вклучена. Батеријата пак е со капацитет од 4000mAh, а оперативниот систем е Android 7.0 со MIUI 9.