Со оглед на тоа дека првите Redmi K30 телефони беа претставени во декември минатата година, голема е веројатноста дека во истиот период оваа година се очекува Redmi K40 линијата. Дојавувач од Кина објави некои информации за К40 серијата.

Дојавувач на Weibo мрежата укажа на мистериозен телефон што има рамен OLED екран, со
punch-hole дизајн. Екранот ќе поддржува стапка на освежување до 120Hz. Судејќи според коментарите, се верува дека е во прашање Redmi K40 смартфонот.

Минатата година во декември, Redmi ги објави K30 4G и K30 5G, додека претходно оваа година го добивме Redmi K30 Pro премиум моделот. Брендот би можел да примени слична стратегија и за Redmi K40 линијата.

Redmi K40 5G би можел да биде модел од горниот среден сегменѕт, со чипсет од новата Snapdragon 7 серија. За разлика од минатата година, можеби нема да постои 4G верзија на телефонот.