Оштетениот руски вселенски товарен брод се одвои од Меѓународната вселенска станица (ISS) во петокот по четири месеци, ќе падне во атмосферата и ќе изгори над Тихиот Океан.

Товарното вселенско летало „Прогрес 82“, кое е прикачено на ISS од октомври, има оштетувања што предизвикаа истекување на течност и депресирање на системот за ладење.

Леталото испорача речиси три тони храна, гориво и залихи на руските космонаути на ISS во октомври. Откако се одвои во петокот, космонаутите Сергеј Прокопјев и Дмитри Петелин успеаја да направат фотографии од оштетувањето на трупот на товарното летало, објави американската вселенска агенција НАСА.

Вселенското летало „Прогрес 82“ ќе изгори над Тихиот Океан откако ќе влезе во атмосферата.