Се очекува iPhone 15 Pro да биде објавен заедно со Pro Max и два други модели на iPhone во текот на есента оваа година.

Иако има уште многу месеци до објавувањето на линијата iPhone 15, веќе почнуваат да се појавуваат шпекулации и рендери кои го покажуваат потенцијалниот изглед на уредите од новата линија. Овој пат имаме рендери за iPhone 15 Pro.

Станува збор за CAD рендери, кои компанијата Apple ги испраќа до производителите на додатоци, за да може да се создаде додаток кој ќе биде готов кога ќе се официјализира новиот iPhone.

Врз основа на креираните рендери, гледаме дека USB-C портот конечно доаѓа на iPhone оваа година. Има и нов дизајн, кој е малку порамен и позакривен, со заоблено стакло. Ова би требало да го олесни држењето на телефонот во рака.

Испакнатината за камерите на задната страна најверојатно ќе биде поголема отколку кај моделот iPhone 14 Pro, што укажува на дополнителни подобрувања, со поголеми сензори.

Големината и резолуцијата на екранот се очекува да бидат слични на минатогодишниот модел, но рамките околу панелот ќе бидат потенки. Dynamic Island е сè уште присутен и изгледа исто како моделот iPhone 14 Pro.

Треба да се нагласи дека овие рендери не ги одразуваат сите аспекти на конечниот дизајн што Apple ќе го имплементира во iPhone 15 Pro.

Видете повеќе рендери овде.