Приватната компанија Blue Origin, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, ја претстави внатрешноста на вселенската патничка капсула која ќе се користи за вселенски комерцијални патувања. Кабината наменета за шест лица, е опремена со фотељи, монитор за следење на параметрите на летот и четири прозорци.

https://youtu.be/K9GoLD49sQ0

Претходно во јули, стана познато дека цената на летот во вселената кој ќе го нуди Blue Origin ќе изнесува помеѓу 200 и 300 илјади долари. Продажбата на билети треба да започне во 2019 година.