Анализите покажуваат дека одредени периоди од денот и неделата се најдобри за објавување видеа, со цел да се подобри посетата.
Не е тајна дека TikTok стана една од најпопуларните социјални мрежи, но можеби единствената платформа која им дава шанса на сите да станат вирална сензација.
Ако веќе сте страствен тиктокер или сакате да станете популарен, еве како да го подобрите вашиот ангажман.
Marketing Hub анализираше повеќе од 100.000 објави и откри кои делови од денот во текот на неделата се најдобри за објавување видеа, со цел да се зголеми видливоста и да се постигне поголем ангажман на корисниците со објавените содржини.
Еве ги нивните резултати:
Понеделник: 6, 10 часот и 22 часот
Вторник: 2, 4 и 9 часот
Среда: 7, 8 и 23 часот
Четврток: 9 часот, 12 часот и 19 часот
Петок: 5, 13 и 15 часот
Сабота: 11 часот, 19 часот и 20 часот
Недела: 7, 8 и 16 часот
Поврзани артикли