Во текот на изминатите недели, почнаа да се појавуваат повеќе детали за премиум верзијата на паметниот часовник на Apple.

Според Марк Гурман од Bloomberg, уредот за носење ќе го има најголемиот дисплеј што Apple некогаш го има имплементирано на паметен часовник. Како резултат на тоа, часовникот може да содржи и нов дизајн.

Во својот последен извештај, Гурман вели дека Apple Watch „Pro“ ќе има свеж дизајн. Apple го нема редизајнирано својот паметен часовник од серијата 4 на часовниците од 2018 година. Гурман тврди дека новиот модел ќе биде значително поголем од сегашните модели од Серија 7, за да додаде екран кој е 7% поголем.

Apple треба да имплементира и поотпорна варијанта на титаниум за куќиштето, што ќе му овозможи на паметниот часовник да биде посоодветен за екстремни спортови.

Со поголема батерија и со Low Power Mode, Гурман вели дека Apple Watch Pro може да трае со денови со едно полнење.

Покрај сето горенаведено, се очекува додавање на сензор кој ја мери температурата на телото, иако не во реално време.