Челник на Huawei изразил подготвеност да потпише договор за нешпионирање со САД, во врска со ефективната забрана на американската администрација кон кинеската компанија, пренесува CNET.

Лианг Хуа изјавил пред американските новинари дека тој би потпишал таков договор, но дека сметаат оти сегашната клима во односите помеѓу двете страни не дава можност за такво нешто.

“Но, бидејќи САД не купувал од нас, не купува и не планира да купува од нас во иднина, не знам дали постои таква можност да се потпише таков договор”, рекол Лианг.

Тој додал дека американскиот претседателот Доналд Трамп “претерал“ кога го потпиша извршниот налог со кој ја попречува компанијата да ја користи американската технологија од 15 мај па натаму.

“Несоодветно е да се користат политички средства за нарушување на текот на индустријата”, рекол претставникот на Huawei. Потегот на Трамп следеше по неколку години на обвинувања дека постои поврзаност помеѓу Huawei и кинеската влада.