Компанијата HTC се подготвува да го претстави својот прв паметен телефон, кој од старт ќе го користи Android 10 оперативниот систем. Уредот ќе го носи името Desire 20 Pro, а смартфонот веќе доби неколку сертификати пред објавата.

HTC Desire 20 Pro ќе биде официјално претставен на 16. јуни, а ова е потврдено преку банер на сајтот на HTC. Силуетата на уредот на банерот открива punch-hole селфи камера, како и издолжен камера модул на задната страна.

Досегашните гласини сугерираат дека HTC Desire 20 Pro ќе има Snapdragon 660 или 665 чипсет, заедно со 6GB RAM, што значи дека телефонот ќе биде дел од средниот сегмент на пазарот.

Се очекува LCD екран од 6,5 инчи со FHD+ резолуција, сензор за отпечатоци од прсти на задната страна, како и поддршка за 3,5 мм приклучок за слушалки.