Дали се сеќавате на PC играта Deluxe Ski Jump, која беше многу популарна пред 20 години? Сега повторно е хит.

Симулацијата на скијачки скокови може да се игра и денес бидејќи авторот на играта има развиено мобилна апликација, а играта е на врвот меѓу апликациите на уредите на Apple во последните денови.

Играта беше многу едноставна и можеше да се зачува на дискета. Зафаќаше помалку од половина мегабајт и работеше на секој компјутер. Беше толку популарно што имаше дискусии на форуми за рекорди и совети како да се лета што подалеку.

Дизајнирана е од Финецот Јуси Коскела, а популарноста на играта доведе до создавање на трет, а потоа и четврти дел, иако втората верзија на играта остана најпопуларна.

Пред неколку години, креаторите на играта развија мобилна верзија на класиката за паметни телефони.

Моментално е првиот избор на бесплатни игри во App Store на уредите на Apple и е достапен и за Android.