Автономните помошни системи не се резервирани само за автомобили, како што покажа Airbus, кој започна со тестирање на систем за помош на пилотите на авиони.

Станува збор за системот DragonFly кој би можел да спасува авиони во критични ситуации. Овој систем може автоматски да го пренасочи авионот, да избере рута до најадекватниот аеродром земајќи ги предвид факторите како што се правилата за воздушниот простор и временските услови, но и да комуницира со контролата на летот и оперативниот центар на авиокомпанијата. Доколку пилотите биле оневозможени, авионот сепак би можел безбедно да слета.

DragonFly може да изврши безбедно слетување на авион на која било писта со користење на сензори и алгоритми за „компјутерска визија“. Пилотите можат дури и да добијат помош при таксирање на аеродромите преку технологија која го претвора одобрението за контрола на летот во знаци за наведување преку придружна апликација.

Исто така, може да помогне во контролата на брзината и да ги предупреди пилотите за пречки. Од друга страна, екипажот може да помине повеќе време во подготовка за вистинскиот лет.

Тестирањето во моментов е ограничено на еден авион за демонстрација на Ербас А350-1000, така што може да помине некое време пред DragonFly да биде дел од авионот што се користи во авијацијата.