Долги години, најпродаваните телефони на Samsung беа серијата Galaxy A5x. Во меѓувреме, титулата најпопуларен ја понесе серијата A7x, но според последните гласини тоа ќе се промени следната година.

Според извештаите, нема да има повеќе уреди Galaxy A7x. Се сугерира дека A73 е последниот модел A7x што ќе се произведува и дека Samsung нема да го објави Galaxy A74 во текот на 2023 година.

Тоа значи дека претстојниот Galaxy A54 ќе стане водечки модел, кога се во прашање маркетингот и продажбата, како и спецификациите, кои ќе бидат наменети за средниот сегмент на пазарот.

Иако веќе се појавија информации за други уреди Ax4, тоа не се случи за моделот A74, а причината за тоа е што A74 не е во фаза на развој, ниту ќе биде.

Интересно е што Galaxy A73 веќе беше маргинализиран во понудата на Samsung, а телефонот беше објавен во помалку земји од неговиот претходник, A72.

Исто така, нема збор ниту за моделите Galaxy S22 FE или S23 FE, што остава невообичаена ценовна разлика помеѓу линиите Galaxy A54 и Galaxy S23, која сигурно ќе ја пополнат некои кинески производители.